Автор: Велика Маркова

Тема: Дух од шише

Некои хемиски реакции се одвиваат брзо дедека други многу бавно. Бавните хемиски реакции може да ги забрзаме со додавање на супстанци кои се познати како катализатори. Катализатори се супстанци кои ги забрзуваат хемиските реакции, но самите тие не учествуваат во хемиската реакција и на крајот остануваат хемиски непроменети.

Концентрираниот раствор од водород пероксид се разложува на вода и кислород, но оваа реакција е бавна. Со додавање на манган (IV) оксид како катализатор оваа реакција се забрзува. Бидејќи катализаторите само ја забрзуваат хемиската реакција, а не учествуваат во истата ги запишуваме над стрелката во хемиската равенка.

водород пероксид →вода + кислород (2H2O2 = 2H2O + O2)

Сподели