Автор: Ана Марија Милојевиќ

Тема: Електромагнетизам

Повеќето магнети, како тие кои ги имаме дома на фрижидер, не можат да се уклучат или исклучат и тие се викаат перманентни магнети. Тоа значи дека тие секогаш се магнетизирани. Но, магнетот кој го создаваме со овој експеримент се нарекува електромагнет и тој е магнетизиран само додека нашиот експеримент е во функција.

Електромагнетите работат на електрична енергија и се магнетизирани само кога таа е присутна. Кога електричната енергија поминува низ шајка, или во нашиот случај штрафцигер, таа ги подредува молекулите на начин кој предизвикува тие да привлекуваат други феромагнетни предмети. Тоа може да бидат одредени метали како што се челикот и железото. Ова не е само забавен експеримент, туку и многу важен физички принцип кој се користи кај возовите на магнетна левитација, кои се екстремно брзи возови!

ОВОЈ ЕКСПЕРИМЕНТ НЕ СЕ ПРАВИ БЕЗ ПРИСУСТВО НА РОДИТЕЛ/СТАРАТЕЛ/ПОЛНОЛЕТНО ЛИЦЕ.

*Селотејпот се користи затоа што тоа што бакарната жица станува прежешка и може да нанесе штета.

*Веднаш по завршувањето на експериментот да се извадат сите делови, батеријата не смее да остане во затворено коло на струја.

Сподели