Автор: Горјан Ивановски
Тема: Куркума како индикатор
Овде веќе ти покажавме како да користиш црвена зелка за да си направиш природен индикатор. Ако мислиш дека немаш доволно познавања за индикатори, исто така имаме кратки видеа кои ќе ти објаснат што се индикатори, како и што се бази и киселини.
Денес ќе научиш како едноставно да си направиш домашен индикатор само со вода и куркума. Горјан ќе ти покаже и како реагираат некои соединенија кои може да ги најдеш по дома, како на пример сода бикарбона. А ти може да тестираш уште многу други и да ни ги покажеш и опишеш резултатите кои ги доби.
Сподели