Автор: Велика Маркова
Тема: Пламен во шише
Егзотермна реакција е реакција во која енергијата во вид на топлина се ослободува во околината. При егзотермна реакција температурата на околината се зголемува. Горењето е хемиска реакција. Супстанцата која гори реагира со кислородот од воздухот при што се образуваат нови супстанци наречени оксиди.
Согорување на етанолот е егзотермна реакција и се ослободува големо количество енергија. Текстуалната и хемиската равенка на реакцијата на горење на етанолот е: етанол + кислород → јаглерод диоксид + вода (C2H5OH + 3O2 = 2CO2 + 3H2O).
Забелешка: Доколку го изведуваш овој експеримент носи заштитна опрема и внимавај на мерките за претпазливост!
Сподели