Автор: Златевска Кристина

Тема: Густина на течности

Ако ставиш јајце во вода тоа ќе потоне, затоа што е погусто од водата. Но можеш ли да ја направиш водата погуста од јајцето? Можеш, и тоа многу лесно: само со додавање сол. Овој краток експеримент од една минута ти покажува како да го направиш тоа.

Сите предмети пловат кога се во течност погуста од нив, а тонат кога се во течност со помала густина. Кога ставаме сол во вода, таа се раствора во водата и ја зголемува нејзината густина. Ако има доволно сол, течноста станува погуста од јајцето и тоа може да плови. Исто како што ти полесно пливаш во морска отколку во слатка вода.

Сподели