Автор: Стефанија Алексова

Тема: Самодувачки балон

Ако си како нас, сигурно обожуваш балони! Ама некогаш е заморно да ги надуваш сам, па еве еден експеримент за самодувачки балон. Потребен ти е еден балон, едно шише, малку оцет и сода бикарбона. Стави го оцетот во шишето, а во балонот со помош на инка стави една лажичка сода бикарбона. Прицврсти го балонот на отворот на шишето и исправи го. Што забележуваш?

Балонот полека почнува самиот да се дува затоа што при реакцијата на оцетната киселина и на содата бикарбона се ослободува големо количество на јаглероден диоксиод кој го дува балонот.

Ако сакаш да знаеш повеќе за киселини и бази, погледни ги нашите FuseSchool видеа за хемија овде.

Сподели