Автор: Теодора Божиновска
Тема: Ден и ноќ
Дали некогаш си помислил зошто постојат ден и ноќ? Зошто некогаш го гледаме сонцето на небото, а некогаш не? Тоа е затоа што планетата земја е сфера која кружи околу сонцето, а истовремено ротира околу својата оска. Како што земјата ротира, така половина од неа го гледа сонцето, а другата половина се наоѓа во сенка. Тоа ни ги создава денот и ноќта. А за колку време земјата прави целосна ротација? Па тоа е едноставно времетраењето на еден ден, односно 24 часа.
Сподели