Автор: Мирко Николовски
Тема: Томатроп
Многу е лесно да ги прелажеме очите за да видат нешто што не е реално! Всушност, тоа го правиме многу често, на пример секој пат кога гледаме видео на телевизор или телефон. Кога гледаме видео, ние гледаме само една голема низа слики кои се менуваат многу брзо. Бидејќи сликите толку брзо се менуваат, нашите очи веруваат дека всушност гледаме движење! Ако не ни веруваш, тогаш најлесен начин да те убедиме е да си направиш томатроп!
Сподели