Како се прават летечки објекти во Scratch?
Млад програмеру, ова е последната лекција од серијата лекции за програмирање во Scratch. Ако редовно ги следеше лекциите и успеавме да го задржиме твоето внимание со новите содржини, со сигурност програмирањето игри ти било забавно! Честитки за истрајноста и за стекнатото знаење коешто треба да се применува за да не се заборави. А како најдобро да се повтори сѐ што си научил(а) ако не преку игра?
Новите видеа што ги подготвија студентите од ФИНКИ ќе ти покажат како се кодираат летечки објекти во Scratch. Ќе дознаеш како се менуваат нивните костуми и како треба да се придвижуваат облаците, зградите и дрвјата во позадината за да изгледа летањето реално.
Откако ќе испрограмираш објект што лета во Scratch со помош на видеата од лекцијата, нахрани ја твојата љубопитност и обиди се да додадеш уште еден летечки лик како втор играч којшто ќе реагира на други копчиња од тастатурата за да можеш истовремено да ја играш играта со другар(ка). За крај, стисни лајк на видеото коешто ти се допадна најмногу.
Среќно програмирање!
Сподели ja лекцијата