Дафинка Срезоска
Како се прави криенка во Scratch?
Продолжуваме да програмираме игри! Во оваа кратка лекција ќе научиш како се прави криенка во Scratch со помош на интересното видео подготвено од Магдалена, студентка на ФИНКИ.
Играта се состои од еден или повеќе ликови коишто се појавуваат за краток временски период на случајни позиции од сцената. Играчот треба брзо да реагира и да ги погоди ликовите. Поените ќе се зголемуваат за секој успешно пронајден лик.
Обиди се сам(а) да ја испрограмираш играта следејќи ги инструкциите од видеото. Не заборавај да ѝ дадеш свој печат на играта со избирање на различна позадина, објекти и ликови. За крај, стисни лајк на видеото ако ти се допадна и ти помогна да го збогатиш твоето знаење во кодирање на игри.
Сподели ja лекцијата