Како се прави виртуелно домашно милениче во Scratch?
Во оваа лекција ви подготвивме нешто многу интересно! Го читаш насловот и помислуваш дека сигурно е многу тешко да се искодира виртуелно домашно милениче? Дозволи ни да ти покажеме дека сепак не е тешко!
Во претходните лекции научивме како се користат различните блоковски наредби во Scratch за придвижување на лик (карактер) и како се собираат поени со помош на променливи. Сега го имаш неопходното знаење за да ја испрограмираш и оваа игра.
Играта ќе се состои од:
- Избирање на позадина и лик за домашно милениче;
- Анимирање на движењето на домашното милениче до храната;
- Додавање на храна и вода за миленичето;
- Следење на гладот и жедта на миленичето;
Студентите од ФИНКИ ни подготвија детални видеа со инструкции коишто ќе ти помогнат да ги имплементираш сите чекори од играта. Во секое од видеата ќе научиш нешто ново. А секако и повторувањето е мајка на знаењето. Биди кул и покажи им ја играта на твоите другари. За крај, стисни лајк на видеото кое ти беше најинтересно и ти помогна да разбереш како се програмира виртуелно домашно милениче во Scratch.
Сподели ja лекцијата