Како се прави Jumping Game во Scratch?
Неверојатно е што сѐ можеш да испрограмираш! Дали веќе размислуваш како ќе изгледа твојата компјутерска игра? Ако си замислил(а) играта да содржи лик (карактер) што треба да прескокнува некаква препрека што се движи, ова е вистинското место да научиш како тоа се кодира.
Едноставно е! Треба само да ги примениш вистинските блокови со компјутерски наредби во Scratch што ќе направат ликот да се помести вертикално нагоре-надолу кога ќе се притисне копчето Space од тастатурата. За да биде играта поинтересна, ќе воведеме и движечки објект што треба да се прескокне. За секоја прескокната препрека добиваме по еден поен, а кога ликот нема да успее да ја прескокне, играта ќе заврши.
Студентите од ФИНКИ ни подготвија детални и илустративни видеа за да ти помогнат да ја испрограмираш сам(а) оваа игра. Програмирањето никогаш не е досадно. Постојат различни начини како да дојдеш до крајниот резултат. Секое од видеата подолу е одлична можност да откриеш нова идеја. За крај, притисни лајк на видеото кое ти се допадна најмногу и ти помогна да направиш Jumping Game во Scratch.
Среќно програмирање!
Сподели ja лекцијата