Основи на програмирањето - Циклуси
Научи како се користат блоковите за циклуси во Scratch, за да можеш да повториш иста наредба одреден број пати.
Циклусите претставуваат процеси што се повторуваат. На пример, деновите во неделата се повторуваат или месеците во годината. Се повторуваат постојано и некои секојдневни активности како будење, подготвување оброк, одење на училиште, учење и спиење. Ваквите активности можат да се повторуваат до недоглед, одреден број пати или да бидат прекинати доколку е исполнет некој услов. На пример, одењето на училиште може да биде прекинато ако дошол крајот на учебната година и започнува долго очекуваниот летен распуст.
Во програмирањето, наредбите што му ги задаваме на компјутерот можат исто така да се повторуваат, па наместо 10 пати да напишам една иста наредба, ќе искористам посебна инструкција со којашто програмата ќе знае дека треба да ја изврши мојата наредба точно 10 пати.
Во Scratch, можеш да ги користиш следниве блокови за циклуси за да ја испрограмираш твојата игра:
Како се користат блоковите, можеш да научиш во видеата што ни ги подготвија студентите од ФИНКИ. Преку нивните интересни илустрации, ќе дознаеш како овие блокови се разликуваат и во која ситуација треба да се применуваат. Потоа, обиди се сам(а) да направиш своја илустрација во Scratch. За крај, стисни лајк на видеото кое ти се допадна најмногу, и ти помогна најлесно да разбереш што се циклуси во програмирањето.
Сподели ja лекцијата