Основи на програмирањето - Услови
Ако денес времето е сончево, ќе одам на прошетка во паркот. Ако не е, тогаш ќе останам дома и ќе гледам некој добар филм. Научи како условите можат да го променат текот на извршување на програмата.
Ако денес времето е сончево, ќе одам на прошетка во паркот. Ако не е, тогаш ќе останам дома и ќе гледам некој добар филм. Во секојдневниот живот постојано се соочуваме со различни услови. Што ќе се случи, зависи од тоа дали условот е точен или не. Според претходниот пример, само ако е точно дека времето е сончево, ќе можам да прошетам во парк. Ако условот не е исполнет, т.е. времето е облачно или врне, ќе останам дома и ќе гледам филм. Како што во секојдневието од точноста на условот зависи дали ќе направам некоја акција или не, така и во програмирањето, условите можат да го променат текот на извршување на наредбите во програмата.
Во Scratch постојат два блока за услови: if-then и if-then-else. Како се користат, можеш да дознаш од нашите видеа кои ги подготвија студентите на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ).
Во секое од долните видеа се крие нешто ново. Откако ќе ги преслушаш, обиди се сам(а) да направиш своја илустрација во Scratch за да провериш што си научил(а). Стисни лајк на видеото кое ти се допадна најмногу, и ти помогна најлесно да разбереш што се услови во програмирањето.
Сподели ja лекцијата