Примери од игри во Scratch - дел 3

Игра во Скреч можете да научите да испрограмирате за еден ден! Секако, ако е од поедноставните. Како на пример оваа на Мартина Арсеска, студентка на ФИНКИ, каде што една ајкула лови рипчиња.


Во Скреч можат да се прават и скроз заразни игри. Како? Крсте Симеонов, студент на ФИНКИ, ќе ти покаже во неговиот туторијал за игра со мајмунче кое пред нездравата ја бира здравата храна. 😉


Ако родителите не ти даваат да чуваш милениче, направи си сам во Скреч 😃 Па можеш да му испрограмираш и лавиринт, за да се забавувате и двајцата додека да го нахраниш. Ана Богоевска, студентка на ФИНКИ, направи туторијал токму за таква игра.


Врне, врне... овошје! Во твојата игра може да врне што сакаш - само научи да ја програмираш. Погледни го туторијалот на Ивана Седмакова, студентка на ФИНКИ за тоа како ја направила нејзината игра „Собери го овошјето“.


Точен код внеси или сè разнеси! Вака некако изгледа играњето на оваа одлична игра за деактивирање бомба. Позадинската работа за тоа како да ја испрограмирате ја објаснува Даниел Стојановски, студент од ФИНКИ, во својот туторијал.


Последното видео од студентите на ФИНКИ е како да направите игра фудбал во Скреч. Да, да, во Скреч и тоа е можно! Погледнете го туторијалот на Златко Стојановски.


Сподели ja лекцијата