Наука за деца распишува ЛИКОВЕН КОНКУРС на тема: НАУЧНА ФАНТАЗИЈА

Ги повикуваме сите деца кои ја сакаат науката и кои имаат бујна фантазија, да ја преточат својата креативност во цртеж. Цртежите можат да претставуваат:

  1. - претставување на научен концепт
  2. - како ја замислуваат работата на научниците
  3. - портрет на омилениот научник
  4. - како ја замислуваат иднината под влијание на науката
  5. - и сè друго што децата сами ќе си поврзат со наука

Нека им дадат крилја на рачињата да ни кажат што им мислат мозочињата!

Конкурсот почнува од 10 мај и ќе трае до 15 јули. Сакаме да собереме што повеќе цртежи и од најубавите да направиме изложба во рамки на втората Конференција на Наука за деца, која ќе ја организираме наесен.

Фотографиите од цртежите можете да ни ги испраќате така како што ви е најзгодно:

  1. - ставете ги во коментар под постот со повикот за конкурсот на Фејсбук,
  2. - објавете ги на ѕидот на Вашиот Фејсбук или Инстаграм профил со тоа што ќе ги тагнете нашите профили на соодветната мрежа,
  3. - пратете ни ги во директна порака на Фејсбук или Инстаграм или
  4. - испратете ни ги на меил на dragana@kantarot.mk.

Со секој цртеж пишете ни и име и презиме на детето и возраст.

За најдобрите цртежи подготвуваме супер научно-цртачки награди!