ЕДНА МИНУТА НАУКА

Те бива за правење видеа? Ама од оние нај, најдобрите? Имаме предизвик за тебе! НАУКА ЗА ДЕЦА ти нуди шанса да освоиш WOW награда! Направи едноминутно видео на македонски во кое на кул начин ќе објасниш некој научен концепт (закон, правило, експеримент...). Објави го на која било социјална мрежа со хаштаг #НаукаЗаДеца до 20 октомври и испрати ни меил со линк до видеото на: anita@kantarot.mk

Нашиот тим ќе додели четири награди:

1 место: Notebook Samsung Chromebook 4 Plus N4000

2 место: Tablet PC Samsung Galaxy Tab A7 Lite T225

3 место: Слушалки Samsung Buds+

Специјална награда за популарност на ТикТок: Nintendo Switch

На што треба да внимаваш при изработката на видеото?

  • - Да биде точно претставувањето на научниот концепт (закон, правило, експеримент...)
  • - Видеото да има момент на забава, досетливост, хумор...
  • - Со други зборови, да биде и точно и „сочно“😊

Каде да видиш пример за вакво видео?

Како да ја освоиш специјалната награда за популарност?

  1. 1. Направи видео според наведените насоки
  2. 2. Постави го на ТикТок со хаштаг #НаукаЗаДеца
  3. 3. Испрати ни меил со линкот до видеото на: anita@kantarot.mk
  4. 4. Освој најмногу лајкови до 23:59 часот на 20 октомври
  5. 5. И фантастичното Nintendo Switch е твое 😉

Доделување на наградите од нашиот научен тим

Научниците од нашиот тим детално ќе ги разгледаат сите видеа што ќе учествуваат на наградниот натпревар и ќе ги рангираат според горенаведените критериуми. На 25 октомври НАУКА ЗА ДЕЦА ќе ги објави добитниците на наградите.