Прва конференција „Наука за деца“ во Скопје


Во организација на Фондација КАНТАРОТ во сабота, 21 мај, ќе се одржи конференција “Наука за деца”. Темата на конференцијата е популаризација на науката кај најмладите.

Под мотото „Од атом до шрафче, наука за секое главче“, конференцијата се состои од 2 дела. Во рамки на првиот дел (од 12 до 15 часот), под водство на искусни научници ќе бидат организирани интересни работилници во живо со дечиња на возраст од 7 до 12 години.

Вториот дел од конференцијата (од 15:15 до 17:45) е наменет за родителите, наставниците и широката публика. Преку два научни панели, десетина истакнати македонски научници и професионалци ќе ја презентираат својата визија за иднината на образованието и научното описменување. Овој дел од конференцијата ќе се одвива online и сите заинтересирани ќе можат да го следат на бесплатен web-stream по претходна регистрација.

Конференцијата е финансирана од С(ц)иеста заедницата, која ја сочинуваат над 300 научници родум од Македонија, а комуникациски партнер е Публицис групацијата.


ПРОГРАМА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

сабота, 21 мај 2022

ПРВ ДЕЛ: РАБОТИЛНИЦИ ВО ЖИВО ЗА ДЕЦА ОД 7 ДО 12 ГОДИНИ

РАБОТИЛНИЦИТЕ СЕ ПОЛНИ, ОНЛАЈН ДЕЛОТ ЗА ВОЗРАСНИ Е СÈ УШТЕ ОТВОРЕН

ЛОКАЦИЈА: САЛОНОТ НА ТЕЛЕКОМ НА ПЛОШТАД ВО СКОПЈЕ

10:00 - 12:00

НЗД работилници (во живо)

РАБОТИЛНИЦАТА ВО 10 Е ПОЛНА

Две во едно научни работилници за деца. Во првата децата ќе можат да научат како да направат холограм, а во втората ќе ги воведеме во светот на магнетите.

а) Правиме холограми со д-р Менка Стојанова
б) Магијата на магнетите со м-р Драгана Стикова и Дафинка Срезоска


12:00 - 13:00


ПЕТ ЗОШТО, ПЕТ ЗАТОА (во живо)
НЗД тимот подготви пет интерактивни активности кои ќе ја поттикнат детската љубопитност и ќе ги запознаат децата со научниот метод

13:00 - 15:00

НЗД работилници (во живо)

РАБОТИЛНИЦАТА ВО 13 Е ПОЛНА

Две во едно научни работилници за деца. Во првата децата ќе можат да научат како да направат холограм, а во втората ќе ги воведеме во светот на магнетите.

а) Правиме холограми со д-р Менка Стојанова
б) Магијата на магнетите со м-р Драгана Стикова и Дафинка Срезоска


ВТОР ДЕЛ: ОНЛАЈН НАУЧНИ ПАНЕЛИ

ЛОКАЦИЈА: ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА НА НАУКА ЗА ДЕЦА

ЛИНК ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ВЕБ СТРИМОТ ВО ЖИВО

15:15 - 16:30

ПАНЕЛ 1: УЧЕЊЕ НИЗ ИГРА (онлајн)
Модератор: д-р Тања Павлеска, истражувачка на институтот „Јожеф Стефан“, Словенија
Панелисти:

  • - д-р Бојана Стојанова, професорка на Универзитетот на Острава, Чешка

  • - д-р Менка Стојанова, експериментална физичарка

  • - м-р Маја Виденовиќ, наставничка во ООУ „Крсте Мисирков“ и докторанд на УКИМ


16:30 - 17:45


ПАНЕЛ 2: ТЕХНОЛОГИЈАТА И ИДНИНАТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО (онлајн)
Модератор: д-р Никола Стиков, професор на Универзитетот на Монтреал, Канада
Панелисти:

  • - Нина Геометриева, дизајнерка за корисничко искуство во Инстаграм/Мета

  • - д-р Андреј Ристески, професор на Универзитетот „Карнеги Мелон“, САД

  • - д-р Петар Поповски, професор на Универзитет „Алборг“, Данска


ЗАВРШЕН ДЕЛ: КОКТЕЛ-ДРУЖЕЊЕ ЗА ДОНАТОРИТЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

ЛОКАЦИЈА: ПОКРИВОТ НА ИНТЕРТЕК

ЛИНК ЗА ДОНАЦИЈА


19:00 - ДОЦНА


КОКТЕЛ ЛАБОРАТОРИЈА ОД SPEAKEASY
МОЛЕКУЛАРНА ГАСТРОНОМИЈА ОД ШЕФ МАРК ДЕ ЈОНГ
(Донација од Димитар Силјановски)

Доколку сакате да нè поддржите и да ни се придружите на забавата на покривот на Интертек, можете да ни донирате преку следниов линк