Втор, дигитален дел од конкурсот на тема: НАУЧНА ФАНТАЗИЈА

По првиот дел од конкурсот за научна фантазија, за кој пристигнаа многу детски цртежи, го распишуваме и вториот, дигитален дел.

Конкурсот е отворен до 20 септември, а вашата задача е следната:

Креирајте дигитална уметност поврзана со науката. Една опција е да ја создадете самите со дигитални алатки како Canva, Photoshop или Illustrator. Друга опција е да употребите вештачка интелигенција за создавање на слики (Dall-E, Midjourney) и потоа да ја збогатите со техники како glitch art или пак со рачна манипулација. Впрочем, постерот за овој конкурс е направен токму така, користејќи го Dall-E со prompt-от "An Erlenmayer flask full of creative ideas, illustrating the fusion of science and fantasy, digital art". Потоа ние направивме мали рачни корекции и го додадовме логото на Наука за деца.

Испратете ни ја вашата креација во .png, .jpg или .pdf формат. Многу е важно заедно со креацијата да ни испратите и краток опис на техниките што сте ги употребиле, како и на промптот доколку сте користеле вештачка интелигенција. Идеалната резолуција е 10.000 х 10.000 пиксели, или векторска верзија на креацијата, затоа што најдобрите креации планираме да ги испечатиме како дел од изложбата на нашата Втора конференција за деца. Ако имате некоја друга идеја што не е опфатена во описот, слободно контактирајте нè.

Натпреварот не е ограничен на деца, оти знаеме дека за вакво нешто е потребна помош од возрасен.

Подолу се неколку идеи што може да ви ја разбуричкаат фантазијата:

  1. - претставување на научен концепт
  2. - како ја замислувате работата на научниците
  3. - портрет на омилениот научник
  4. - како ја замислувате иднината под влијание на науката
  5. - и сè друго што децата сами ќе си поврзат со наука
  6. Креациите испратете ни ги на: dragana@kantarot.mk, со информации за вас: име и презиме, возраст и место на живеење.