Победник на натпреварот #СкречЗаСвич!

Драги наши програмери, ги имаме резултатите од натпреварот #СкречЗаСвич.

Тимот на Наука за деца реши наградата Нинтендо Свич да ја додели на Давид Арнаудов за неговата игра Heksi Shooter: https://scratch.mit.edu/projects/622471922/

Heksi Shooter е најкомплетен проект од сите игри кои учествуваа на натпреварот. Има соодветно видео кое покажува како се игра играта и инструкции во Скреч проектот. Програмерот посветил време на детали како паузирање на играта, контрола на јачината на звукот, опис на контроли во самата игра пред да се започне со неа. Играта има добар графички приказ, игрива е, се состои од неколку нивоа со соодветна тежина и играчот има три животи за да ги помине. Главен лик е Хекси, што беше еден од критериумите за натпреварот. Големи честитки за Давид од целиот наш тим и уште поголемо браво!

Во исто време, сакаме да објавиме дека решивме да доделиме и неколку пофалници на Скречерите што ни оставија особен впечаток:

Ви благодариме на сите за учеството и се надеваме дека веќе се заразивте со Скреч и дека во иднина ќе програмирате уште мноооогу игри!