НАУКА ЗА ДЕЦА ви го претставува новогодишниот програмерски натпревар!
На овој натпревар, не само што можеш да научиш како се програмираат компјутерски игри во Scratch, туку можеш и да освоиш вредна награда ако направиш своја игра и учествуваш во натпреварот!
Искористи го зимскиот распуст за да научиш нова кул вештина и веќе си потенцијален добитник на Nintendo Switch.
До серијата лекции за програмирање што ја подготвивме со помош на студентите од ФИНКИ можеш да пристапиш на следниов линк: https://naukazadeca.mk/programs.php
Со помош на илустративните видеа, ќе научиш што е програмирање и како се кодираат компјутерски игри во Scratch.
Натпреварот трае до 15 февруари 2022 година во 23:59 .
ВАЖНО: Споделување на Scratch проекти е можно само ако си регистриран корисник на Scratch. Како можеш да се регистрираш, како се зачувуваат игрите и како тие се споделуваат, ќе дознаеш во следниве видеа:
Натпреварот е отворен до 15 февруари во 23:59. Доколку имаш дополнителни прашања во врска со натпреварот, прати ни е-маил нa anita@kantarot.mk.
Научниците од нашиот тим детално ќе ги разгледаат сите игри што ќе учествуваат на наградниот натпревар. На 28 февруари 2022 година (понеделник) НАУКА ЗА ДЕЦА ќе ги објави резултатите од наградниот натпревар.